Навивачка на Атланта преку ноќ стана ѕвезда откако ја исфрлија од сала за кавга со Леброн (Видео)

Гостувањето на Лос Анџелес лејкерс во Атланта мина во знакот на кавгата во последната четвртина помеѓу Леброн Џејмс и една навивачка која седеше во оние најскапи седишта во првиот ред покрај теренот.

Жената ја извади маската и го навредуваше Леброн и тој не остана должен, па мечот беше прекинат од судиите и реагираше обезбедувањето. Иако првично навивачката не беше отстранета, сепак, подоцна мораше да си замине од салата и покажуваше среден прст кон Леброн.

По натпреварот, навивачката идентификувана како Џулијана Карлос, а доби прекар „Покрај терен Карен“, се јави со снимка на социјалните мрежи и го навредуваше Џејмс. Од друга страна, еден од најдобрите кошаркари во историјата беше расположен по победата, па порача дека му недостасувала интеракцијата со фановите, а на „Твитер“ напиша: „Карен беше многу лута, многу лута“, со емотикон за плачење од смеење.

Како и да е, сега сите ја знаат Карен и ако нејзината цел беше да стане позната, успеа.

- Оглас -

Најнови вести