Навивачки хаос во Германија: Повредени дури 79 лица (Видео)

На мечот од регионалната лига во Германија меѓу Карл Хајнц Јена и БСГ Чеми Лајпциг се случи големи навивачки нереди по кои се повредени дури 79 луѓе. Нередите започнале кога навивачите на двата тима, со сила ги отвориле капиите кои ги делеле на трибината, а потоа започнале нередите.

Англискиот ББЦ пренесува дека бил користен солзавец и пендраци за да ги раздвои разбеснетите навивачи на двете екипи. Билансот на крајот е 64 повредени навивачи, 10 повредени полицајци и петорица повредени редари.

Уште пред почетокот на средбата околу 350 домашни навивачи тргнале во ненајавен марш низ градот, кога биле палени пиротехнички средства. Полицијата и тогаш била приморана да реагира.

На стадионот на Јена имало нешто повеќе од 7.000 навивачи, а на крајот домашниот тим победи со убедливи 5:0.

 

- Оглас -

Најнови вести