Навивачко лудило, 35.000 фанови направија фешта на тренингот на ПСЖ пред дербито со Марсеј (Видео)

Навивачите на ПСЖ на најдобар можен начин им дадоа поддршка на своите миленици пред неделното дерби, 35.000 фанови направија фешта на „Паркот на принцевите“ за време на тренинг. Ова е прв отворен тренинг на ПСЖ во последната деценија и на трибините се собраа 35.000 верни навивачи на Светците.

Во недела се игра најголемото дерби во францускиот фудбал, Олимпик Марсеј на „Велодром“ го пречекува ПСЖ.

ПСЖ е лидер на табелата со 57 бода, додека Марсеј има пет бода помалку и со евентуален триумф дополнително ќе се вжешти борбата за титулата.

Триумф на Светците ќе значи предност од осум бода пред Марсеј, а навивачите на ПСЖ свесни за влогот, но и големото ривалство, на еден од последните тренинзи им дадоа огромна поддршка на своите фудбалери.

 

- Оглас -

Најнови вести