Новак Ѓоковиќ од лутина го скрши рекетот во петтиот сет од финалето на Вимблдон против Карлос Алкарас, беше и парично казнет со 8.000 евра за постапката, а скршениот рекет заврши кај еден фан на Новак.
Навивачот Милан, кој го следи Ноле на сите грен-слеми, е среќникот кој го доби рекетот како сувенир.
Британците консултирале стручњак за проценка на вредноста на спортски реквизити, и тој рекол дека скршениот рекет многу добил на вредност. Цена на нов рекет од производител „Хед“ каков што користи Ѓоковиќ е околу 185 евра, а моментната вредност на скршениот рекет е помеѓу 3.000 и 4.000 евра.
Тешко дека навивачот ќе го продаде сувенирот кој го доби лично од Новак, но ако се реши за такво нешто, ќе има одлична заработка.