Евертон и Ливерпул ремизираа без голови во градското дерби на „Гудисон парк“. Домаќините со овој бод покажаа дека немаа никаква намера да му дозволат на лидерот да стигне до посакуваните три бода во трката што побрзо да стигне до титулата во Премиер лигата.
Мечот се играше пред празни трибини, а навивачите од своите домови ги бодреа своите миленици. Еден навивач на Евертон сликовито објасни која е предноста да се навива во домашна атмосфера и како може да изгледа навивањето до крајот на 2020 година во Англија.
The matchday experience in 2020 🤣#MerseysideDerby pic.twitter.com/MD6vusfD0p
— Goal (@goal) June 21, 2020