Италијанската полиција уште пред некој ден објави дека е идентификувано лицето кое на римското дерби на „Олимпико“ се појави во дрес на Лацио на кој на грбот му беше испишано презиме Хитлерсон (син на Хитлер), со број 88 кој е шифра за фашистичкиот поздрав „Хајл Хитлер“, бидејќи буквата Х е осма во латиницата, па буквата се заменува со бројот 8, и ХХ станува 88.
Не беше обелоденето името и презимето на овој контроверзен фан на лацијалите, а причината е можеби тоа што овој човек не е Италијанец, туку Германец. Тој на стадион влегол без дресот, го облекол во тек на натпреварот.
На овој Германец кој во 2009 година влезе на терен за време на римското дерби, овојпат му се заканува опасност да биде осуден на 18 месеци затвор, и да плати парична казна од 6.000 евра.