Навивачот објасни како успеа да втрча на терен, кога трибините беа празни

Во Шпанија фудбалот продолжи и тоа без публика на трибините. Иако немаше гледачи, на дуелот Мајорка – Барселона се случи инцидент, кога непоканет гостин втрча на теренот и го прекина мечот.

Момче во дресот на Лионел Меси се појави на теренот, а фудбалерите збунето гледаа од каде дојде, ако се знае дека немаше фанови на трибините. Натрапникот успеа да се фотографира со Меси, а потоа беше фатен од редарите и предаден на полиција. Подоцна момчето објасни како му успеал планот, но на крајот полицијата се расипала.

„Тоа го планирав уште откога дознав кога ќе се игра мечот. Сакав да се фотографирам со Меси и да го запознам. Тој е мојот идол. Добив фотографија, но за жал полицијата ме натера да ја избришам. Кога влегов на теренот, застанав до Жорди Алба и му реков дека ќе одам до кај Меси. Беше убаво искуство“, рече навивачот кој втрча на терен, а по потекло е од Франција, но живее на Мајорка.

Подвигот на навивачот кој втрча на терен може да го погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести