Навивачот што стана хит ќе патува за Русија – Швајцарците ќе ја имаат амајлијата на трибини и во четвртфиналето

Лука Лутенбах, навивачот на Швајцарија што стана хит со реакциите во финишот на дуелот против Франција во осминафиналето на Европското првенство, ќе биде амајлија на својата репрезентација и во Санкт Петербург, на четвртфиналето против Шпанија.

Неговите две фотографии од финишот на мечот, кога од очаен израз на лицето при резултат од 3:2 за Франција стигна до еуфорија по голот на Сеферовиќ во 90-тата минута за 3:3, станаа хит на социјалните мрежи.

Лука потоа на шега објави пост на социјалните мрежи, каде што бараше парична помош за да патува до Санкт Петербург и доби пријатно изненадување од швајцарска авиокомпанија.

„Драг Лука, контактирајте нè и ние ќе направиме вашиот сон да стане реалност“, беше одговорот од авиокомпанијата за Лутенбах.

Воодушевен од двете фотографии на швајцарскиот навивач беше и градоначалникот на Лондон, Садик Кан, кој објави и твит за Лука.

https://twitter.com/SadiqKhan/status/1409630137998512128?s=20

Финалето на ЕП ќе се игра во Лондон, па ако Швајцарците продолжат со сензации, можно е да има и средба меѓу Лука и градоначалникот на Лондон.

 

- Оглас -

Најнови вести