Навивајте за Македонија на ракометниот Мундијал, ова се термините кога игра нашата репрезентација

Македонската ракометна репрезентација ќе го продолжи континуитетот со настапи на големите натпреварувања. По откажувањето на Чешка, Македонија како прва резерва ќе го добие испразнетото место на Мундијалот во Египет.

Според распоредот и групите, Македонија ќе биде дел од групата Г, каде што се домаќинот Египет, потоа Чиле и Шведска. Нашата репрезентација првиот меч ќе го има против Шведска на 14 јануари, а два дена подоцна ривал ќе ни биде Египет.

Последниот меч, кој може да биде и клучен за поминување на првата фаза, Македонија треба да го игра против Чиле на 18 јануари. Според натпреварувањето, првопласираните три селекции ја поминуваат првата групна фаза и ќе продолжат во главната група, каде што ќе се разигрува за пласман.

РАСПОРЕД НА МАКЕДОНСКАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СП 2021 ВО ЕГИПЕТ

14 јануари – Шведска – Македонија во 20:30 часот

16 јануари – Египет – Македонија во 18 часот

18 јануари – Македонија – Чиле во  15:30 часот

- Оглас -

Најнови вести