Карлес Алења, фудбалерот на Барселона, пред неколку дена премина во редовите на Бетис, каде што до крајот на сезоната ќе игра како позајмен играч. Младиот Шпанец во потрага по поголема минутажа не можеше да се избори со конкуренијата, па затоа овој привремен трансфер ќе му помогне да стекне искуство.
Иако потекнува од Ла Масија и е фан на Каталонците од мали нозе, Алења не би ја отфрлил шансата да заигра за Реал Мадрид доколку му се укаже.
„Цел мој живот навивам за Барселона, остварување на сонот е тоа што успеав да стигнам до првиот тим. Но, ако нешто научив досега, тоа е дека животот е полн со пресврти и изненадувања. Затоа, не би ја одбил шансата да играм за Реал Мадрид ако такво нешто се случи во иднина. Сепак, тие и натаму се мои ривали“, истакна Алења.