„Навиваме заедно за Македонија“ – Хуманитарна акција на Sport Life, секој тикет со натпревар на Рисовите им помага на лицата со аутизам

Навиваме заедно за Македонија на Европското првенство е мотото на новата хуманитарна акција на Sport Life што ќе трае во текот на целиот шампионат, а средствата ќе бидат наменети за изградба на Центарот за помош на лица со аутизам во Охрид.

Од секој тикет уплатен во Sport Life на кој ќе биде одигран и натпревар на македонската фудбалска репрезентација, 10 проценти ќе бидат наменети за хуманитарниот чин.

Како општествено одговорна организација, Sport Life секогаш е тука за да им помогне на луѓето на кои најмногу им е потребна помош, па и новата акција „Навиваме заедно за Македонија на Европско првенство“ како единствена цел ја има грижата за лицата со аутизам.

Во првата фаза од шампионатот, Македонија ќе игра три натпревари, против Австрија на 13 јуни, со Украина на 17 јуни и со Холандија на 21 јуни.

 

- Оглас -

Најнови вести