Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, објави соопштение со кое јавно се спротивстави на идејата за одржување светски првенства на секои две години, како што предложи Арсен Венгер, човекот за развој на фудбалот во Светската федерација ФИФА.
Во УЕФА велат дека има четири главни опасности: ќе се намали вредноста на натпреварувањето, редуцирање на спортските можности за послабите репрезентации, ризик за здравјето на фудбалерите и ризик за иднината на натпреварувањата во женска конкуренција.
УЕФА ја обвини ФИФА дека сака да ги остави во темница бидејќи не се консултирале со нив пред предлогот да стане јавен. Засега нема широка поддршка за идејата, најлути противници на идејата се во Европа и во Јужна Америка.