Навреди за играчот роден во Барселона, а дебитираше за Реал и можеше да ги спаси мадриѓаните од пораз (Видео)

Барселона со 4:3 го победи Реал Мадрид во 190-тото Ел Класико. Дуелот, кој е историски, донесе многу вредна победа за Барселона бидејќи на три кола до крајот од првенството, каталонскиот гигант има седум бода повеќе од вечниот ривал.

Тоа значи дека на Барселона доволно ѝ е само уште една победа за да може и официјално да биде промовирана во нов шампион на Шпанија.

Навивачите на Реал Мадрид беа разочарани по вчерашниот пораз, посебно затоа што нивниот омилен клуб имаше водство од 2:0 само по 15 минути игра. Барселона потоа одигра феноменално и постигна четири погодоци до крајот на првото полувреме за предност од 4:2.

Во вториот дел Реал погоди за 4:3, а во самиот финиш гостите имаа и одлична шанса да стигнат до 4:4. Младиот Виктор Муњоз доби шанса од Карло Анчелоти и влезе во игра во 88-мата минута. За Муњоз тоа беше деби за првиот тим на Реал. Неполни 60 секунди откако влезе во игра, Муњоз се најде во стоостотна шанса кога излезе сам пред голманот на Барселона, но наместо да ја погоди мрежата, шутираше многу непрецизно.

По мечот, момчето кое е родено во Барселона и пред да дојде во Реал Мадрид, има играно во младинските категории за каталонскиот гигант, беше цел на лутите навивачи на Реал Мадрид. Муњоз беше принуден да ги исклучи коментарите на неговиот инстаграм-профил затоа што од вчера почнале да му пишуваат многу навредливи коментари поради помашувањето што го имаше на Ел Класико, а можеше да го спаси Реал од пораз.

- Оглас -

Најнови вести