Навреди за Кен на расна основа, Матуиди бараше прекин во Калјари (Видео)

Мојзе Кен постигна гол за Јувентус, вториот за гостите на мечот против Калјари, а потоа доби жестоки свирежи и, што е уште полошо, навреди на расна основа од копот на домашниот тим.

Со познатите мајмунски крици, симпатизерите на Калјари го навредуваа големиот талент на Јувентус, но и на италијанскиот фудбал, а навреди имаше и за Матуиди. Токму францускиот репрезентативец бараше од судијата Џакомели да го прекине мечот, што и беше сторено, но за кусо.

Прекинот траеше една минута, навивачите на Калјари добија предупредување дека мечот нема да продолжи ако не ги прекинат навредливите извици кон Кен и Матуиди, па мечот продолжи и заврши со победа од 2-0 на Јувентус.

Претседателот на Калјари, Томасо Џулини, интервенираше, но по мечот изјави дека и Кен провоцирал со гестикулација кон навивачите на домашниот тим по постигнатиот гол.

„До тој момент немаше никакви навреди. Кен провоцираше. Мислам дека и да беше Бернардески, или Бонучи на пример, и тие ќе добиеја ист одговор за таква провокација. Сепак, најлесно е да се обивни клуб од Сардинија за расизам во Италија. Ги знаеме причините“, изјави Џулини.

Кен само ги рашири рацете кон копот на Калјари по постигнатиот гол и потоа постојано беше навредуван од публиката.

https://www.youtube.com/watch?v=ls4mjZ6gpmo

- Оглас -

Најнови вести