Навредите на сметка на Зидан ќе му дојдат преку глава, побарана смена на првиот човек на францускиот фудбал

Претседателот на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), Ноел ле Гре, е повикан да си поднесе оставка од страна на Советот за етика во Федерацијата поради неговите навредите искажани на сметка на легендарниот фудбалер Зинедин Зидан.

Ле Гре е во центарот на скандал кој изби изминатиот викенд прво поради навредувачките коментари кон за многумина најдобриот француски фудбалер на сите времиња, Зинедин Зидан, а еден ден подоцна фудбалската агентката Соња Сои го обвини дека во периодот од 2013 до 2017 година сексуално ја вознемирувал.

Поради тоа, советот за етика при ФФФ побара Ле Гре да ја напушти претседателската функција во Федерацијата.

„Го повикуваме претседателот на Фудбалската федерација да се повлече од функцијата. Неопходни ни се сила и искреност, што, за жал, не ги демонстрира Ноел ле Гре. Јасно е дека немаме намера да покренеме дисциплинска постапка, туку можеме да го замолиме да се повлече од функцијата бидејќи тоа е во најдобар интерес. Неопходно е проблемот да го исечеме во корен пред да нè однесе кој знае каде“, изјави претседателот на Советот за етика во ФФФ, Патрик Антон.

- Оглас -

Најнови вести