Навредлив твит од првиот човек на Славија: Си заминуваш како проститука

Двајца играчи на Славија Прага го засилија Генк во летниот преоден рок, а според Јарослав Тврдик, претседателот на чешкиот клуб, едниот си заминал како легенда, а вториот како безначајна проститутка.

„Секоја чест за Симон Дели, кој си заминува како наша легенда, а Мајкл Нгаџуи сосема спротивно, си оди како безначајна проститутка. Сè беше договорено тој да го продолжи договорот со Славија, се согласи и неговиот агент, но избегаа и двајцата преку ноќ во Белгија. Славија не заслужи ваков нечесен однос, Мајк“, е твитот на Тврдик.

Нгаџуи со Камерун стана првак на Африка на претходното издание на АФКОН и играше одлично за Славија Прага, но настана куршлус кога требаше да го продолжи договорот со клубот од Прага.

Тој пристигнал во хотел во Прага за да го потпише новиот договор, но преку ноќ одлучил да замине за Белгија и да стане нов член на Генк. Интересно Славија беше подобра од Генк во последното издание на Лигата на Европа, но Белгијците си купија двајца играчи на чешкиот првак.

Ако се смета и трансферот на Патрик Хрошовски, кој од П’лзен се пресели во редовите на Генк, излегува дека белгискиот клуб одлично си пазареше во Чешка и, според проценката на чешките медиуми, купи триојца од петте најдобри фудбалери во чешкото првенство.

- Оглас -

Најнови вести