Наздравје фризура за Орие, новиот изглед ќе го чини 150 илјади евра

Серж Орие се коцкаше и загуби 150 илјади евра, колку што е казната по третиот прекршок на правилата за карантин во услови на пандемијата со Коронавирус.

Бекот на Тотенхем ќе мора да ги уплати парите во клупската каса, а на челниците на премиерлигашот им здодеа со опомените што му ги изрекоа на репрезентативец на Брегот на Слонова Коска.

Последниот што сам си го призна со објава на Инстаграм го чини многу скапо одличниот бек. Орие објави фотографија со својата фризерка во услови кога не беше дозволено поради социјална дистанца да повика гостинка во својот дом. Сега има нова фризура за на тренинг, но таа го чини скапо, цели 150 илјади евра.

Претходно Серж беше снимен како трча надвор со пријател, иако тоа беше строго забрането, а дека е мераклија за дружба на социјалните мрежи покажа и подоцна кога објави на Инстаграм како џогира со соиграч од Тотенхем, повторно прекршувајќи ги правилата за изолација во карантин и социјална дистанца во услови на Ковид-19.

- Оглас -

Најнови вести