Наздравје со „Карлинг“ за Енди Таунсенд – Играчот на Кристал палас го постигна голот на сезоната (Видео)

Проектилот што ретко се гледа на Енди Таунсенд против шампионот Манчестер сити е прогласен за најубав гол на сезоната во Премиер лигата.

Официјалниот партнер на Премиер лигата, брендот од индустријата за пиво „Карлинг“ немаше тешка задача бидејќи волејот на играчот на Кристал палас беше вистинско ремек-дело и заслужено го понесе епитетот гол на сезоната во Англија.

Таунсенд упати вистинска бомба од околу 25 метри, а Кристал палас го победи Манчестер сити со 3:2.

- Оглас -

Најнови вести