Назначен привремен заменик на Бартомеу

Барселона го назначи Карлес Тускец за в.д. претседател на клубот по оставката на Жозеп Бартомеу. Тускец привремено ќе ја врши должноста на претседател во исчекување на изборите во клубот кои треба да се одржат напролет во 2021 година.

Привремениот прв човек на Каталонците е економски експерт и во наредните три месеци ќе има должност да ги потврди изборите за нов управен одбор на спортскиот колектив.

За потсетување, вчера целата управа на Барселона на чело со Бартомеу си поднесе оставка, како последна опција да не биде избркан преку гласање за недоверба.

- Оглас -

Најнови вести