НБА-акција на Македонија завршена со брутално забивање (Видео)

Македонија игра одлично против Италија, а тоа го потврдува и со атрактивните акции кои ги имаат нашите репрезентативци. Натурализираниот Македонец Џејкоб Вајли е во главна улога кога се работи за атрактивни забивања.

Уште на почетокот на мечот Војдан Стојановски и Вајли одиграа НБА-акција, која на крајот беше завршена со атрактивно забивање со цепелин.

Во третата четвртина Вајли уште еднаш успеа да забие со цепелин, а овојпат асистенцијата беше на Димитријевиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести