НБА бајка: Никој не сакаше да го драфтува, а освои титула, и ќе игра на ол-стар мечот

На списокот на резервни кошаркари кои ќе настапат на НБА ол-стар натпреварот, за првпат се најде и плејмејкерот на Торонто репторс, Фред Ванвлит, чија приказна е интересна.

Ванвлит е специфичен по тоа што е единствен играч кој ќе игра на ол-стар, а не бил драфтуван.

Тој не е претерано атлетски доминантен, но беше меѓу главните играчи на својот Универзитет во НЦАА лигата. Сепак, тоа не беше доволно да биде избран на драфтот во 2016 година. Тогаш два тима од развојната Г-лига му нудеа двегодишни договори вреди 20.000 долари. Ги одби и заигра за Торонто репторс во летната лига.

Во тоа време, Торонто имаше тројца плејмејкери: Кајл Лаури како лидер, докажаниот Кори Џозеф и младиот Делон Рајт. За едно слободно место во составот се бореа пет играчи. Изборот падна на Ванвлит, но беше испратен во развојната лига во која освои титула. Полека влезе во првиот тим, а во 2019 година освои титула во НБА со канадскиот тим, и даде голем придонесе како прва резерва.

Сега е прв плеј на Репторс, има договор тежок 85 милиони долари, а доби и прва покана за настап на ол-стар.

- Оглас -

Најнови вести