НБА даде зелено светло, Џордан ќе биде побогат за три милијарди долари

НБА-лигата и официјално му даде зелено светло на за многумина најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, да го продаде Шарлот хорнетс.

Продажбата на Шарлот беше договорена уште на 16-ти јуни, но се чекаше тоа да го одобри Управниот одбор на НБА-лигата (во него се сите сопственици на екипите), кој конечно изгласа, Шарлот во кој мнозински сопственик на акциите е Џордан, да биде продаден на групацијата која ја предводат Рик Шнал и Гејб Плоткин.

Новите сопственици за да го преземат Шарлот ќе платат околу три милијарди долари, а Џордан ќе задржи мал дел од акциите.

Џордан го купи Шарлот во 2010 година и екипата под негово водство го има петтиот најслаб скор во НБА-лигата во последните 13 години со 423 победи и дури 600 порази. Во тој период, Шарлот само двапати играше во плејофот и во двата наврати испадна уште во првото коло.

Медиумите во САД пишуваат дека продажбата на Шарлот треба да биде завршена во наредните две недели.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести