Кливленд кавалирс славеше над Бруклин нетс во НБА-мечот кој се одигра во Париз. Арената „Берси“ беше домаќин на 20.000 гледачи кои дојдоа да уживаат во мајсториите на најдобрите кошаркари во светот.
Овие НБА-екипи беа дојдени во Европа за промоција, но освен кошарката, на паркетот направија и една фајтерска промоција. На стартот од последната четвртина Ник Клакстон успеа да забие преку Тристан Томпсон и почна да се радува покажувајќи моќ.
Томпсон не можеше да издржи, а да не возврати на оваа провокација, па дојде до Клакстон и го турна на земја, а потоа се случи вистински вистински хаос.
Играчите на двата тима и речиси сите оние кои седеа на клупата за резерви втрчаа на теренот и се случи голема мешаница. За среќа, ситуацијата брзо се смири, а Томпсон, кој го започна инцидентот, заработи исклучување.
Embrouille au match NBA Brooklyn vs Cavs pic.twitter.com/VG9H5XAFko
— Jysko Prod (@Jysko_91) January 11, 2024