Синоќа се одржа НБА драфтот кој го одбележаа дури тројца Французи во првите шест пикови.
Првиот пик му припадна на тимот на Атланта Хоукс, кои го избраа 206 сантиметри високото крило Захарија Рисашер.
Рисашер во изминатите неколку недели се етаблираше како миленик на Атланта, додека неговата игра е најпрепознатлива по прецизниот шут од надвор, со 39 процентна прецизност, иако има само 19 години.
Вториот избор е Алекс Сар, Французин кој претходната сезона ја помина во австралиската лига. За него многумина сметаат дека е најталентираниот играч на годинашниот драфт. Сар е високо крило обвиткано во џиновско тело што ќе му овозможи да биде врвен дефанзивец во лигата уште од самиот почеток.
Хјустон Рокетс го избра бекот на Кентаки, Рид Шепард, како пик број 3, кој шутираше неверојатни 52 отсто за три поени оваа сезона. Ќе биде интересно да се види како Американецот ќе се вклопи во различниот ростер на Хјустон, а тој ќе биде можниот наследник на Фред ВанФлит следната година.
На Виктор Вембањама во Сан Антонио Спарс ќе му се придружи поранешниот плејмејкер на ЈуКон, Стефон Касл, кој во пресрет на драфтот одби да тренира со сите тимови кои веќе имаат стартен плејмејкер. Спарс се тимот кој нема сигурен играч на таа позиција, а Касл ќе добие можност да диригира со младиот тим.
Топ 5 на овој драфт беше заокружен со играчот на развојната лига, Рон Холанд.
Холанд е крилен напаѓач со одлични атлетски способности кои му овозможуваат да биде опасен во нападот, додека во одбраната секој ќе треба да внимава на неговите блокови.
1st pick
2nd pick
6th pickFRENCH REVOLUTION 🇫🇷#NBADraft pic.twitter.com/M8Wnfx4wOt
— NBA France (@NBAFRANCE) June 27, 2024