НБА-експерт: Вложи само 50 денари, а само од еден меч заработи 2.000 евра!

Експерт за НБА-плејоф има во Гевгелија, откако еден обложувач успеа само со 50 денари да заработи бруто-добивка од 127.640 денари само од еден натпревар.

Се играше првиот дуел од финалето на Западната конференција меѓу Денвер нагетс и Лос Анџелес лејкерс, а НБА-експертот успеа да погоди дури 11 комбинации, почнувајќи од конечен тип, плус вкупно поени, како и дури 10 индивидуални постигнувања за поени, скокови и асистенции на кошаркарите.

Погодено е дека Џемал Мари ќе постигне над 24,5 поени (даде 31), а погодени беа „плус поени“ и на Јокиќ (даде 34 поени), Дејвис (40 поени)… Мајкл Портер јуниор беше во „плус“ на скокови (10 скока) и асистенции (2 додавања). Џемал Мари беше „минус“ на асистенции затоа што имаше 5, а границата за него беше на 6,5 асистенции. крилото на Денвер, Арон Гордон заврши со 12 поени и остана во „минус“, затоа што неговата граниац беше на 13,5 поени.

Едноставно перфектно одигран тикет, кој од само еден натпревар успеа да состави добитен тикет од „плус-минус“ на играчите, со вкупен коефициент од 2.552.

 

 

- Оглас -

Најнови вести