НБА ги чести фановите во Европа, вечерва седум меча почнуваат пред полноќ (Фото)

Денеска е необичен ден за НБА-кошаркарите и за обложувачите кои сакаат да типуваат на мечевите од најсилната кошаркарска лига на светот.

Како ретко кога, најголемиот дел од средбите се играат во денски термин во САД, а прифатлив и за фановите во Европа, кои не мора да седат до раните утрински часови за да гледаат НБА-кошарка. Причината што голем број мечеви се играат порано, е одбележувањето на роденденот на Мартин Лутер Кинг.

Вечерва еден меч се игра од 19 часот по македонско време, еден од 20.30, три се од 21, а по еден од 21.30 и 22. Еден почнува точно на полноќ, а само еден е доцна, и тоа оној помеѓу Лејкерс и Хјустон.

Леброн Џејмс стана вториот кошаркар во историјата на НБА кој дал 38.000 поени во регуларна сезона и против Хјустон ќе продолжи да се доближува до рекордот на Карим Абдул Џабар од 38.387.

Доколку планиравте да се обложите на НБА, сторете го тоа попладнево, вечер ќе биде доцна.

- Оглас -

Најнови вести