НБА и официјално го легализира користењето на марихуаната

Челниците на најсилната кошаркарска лига во светот (НБА) го легализираа користењето на марихуаната на кошаркарите. Во пресрет на новата сезона, јасно е дека веќе нема да има тестирање на оваа супстанца, која е тргната од листата на нелегални.

Сепак, тоа не значи дека играчите нема да имаат тестирања, кои би биле за да се забранат користењето стероиди и останати наркотични средства.

Во најголем дел од американските држави се декриминализира поседувањето на марихуана во мали количини.

 

- Оглас -

Најнови вести