НБА ја објави казната за пиштолџијата Морант, сепак нема да ја пропушти цела сезона

НБА-лигата ја објави казната за бекот на Мемфис гризлис, Џа Морант, која комесарот Адам Силвер ја најави пред неколку недели. Силвер откри дека Морант ќе ги пропушти првите 25 натпревари од регуларниот дел од следната сезона.

Минатата сезона Морант имаше неколку испади во јавноста, но двата најтешки му беа поврзани со огнено оружје. Прво, пред неколку месеци во ноќен клуб во Колорадо со пиштол во раката се снимаше во живо за социјалните мрежи, а минатиот месец повторно беше снимен како држи пиштол во раката додека е во автомобил со своите пријатели.

Медиумите шпекулираа дека НБА-лигата може да му изрече поголема казна, односно да го суспендира за целата наредна сезона, но на крајот одлучи да му даде нова шанса да се врати на вистинскиот пат бидејќи е еден од најдобрите кошаркари во лигата.

Но, пред да се врати на терените по суспензијата, Морант според новинарот Адријан Војнаровски, ќе мора да исполни неколку обврски кои му ги наметнала НБА-лигата.

- Оглас -

Најнови вести