НБА ќе живне малку и тоа празнично на 1 мај

НБА лигата барем малку ќе живне по проблемите што ги има со пандемијата од Коронавирус, а американските медиуми објавија дека постои конкретен план кошаркарите да почнат со тренинзи во сала од 1. мај.

Натпреварувањето беше прекинато на 11. март, кога беше откриен и првиот случај на кошаркра заразен со Ковид-19, а се работеше за Руди Гобер од Јута. Потоа имаше уште неколјку случаи на заразени кошаркари со опасниот вирус, но за среќа сите успешено се рехабилитираа.

Сега ќе можат и да тренираат, што значи добра најава за продолжение на сезоната. Во овој период веќе требаше да е во тек плејофот, ако немаше проблеми со Ковид-19.

Планирано е играчите да можат да тренираат во клупските сали, но само со почитување на строгите мерки за безбедност и тоа во американските држави во кои нема мерки за ограничено движење, или потполн карантин во одредени денови. НБА бара алтернативно решение во местата каде Коронавирусот има жаришта, како на пример Њујорк.

Засега ова ќе биде мал, но значаен чекор кон кам-бек и завршување на сезоната, а се уште не е донесена одлука кога ќе биде рестартот што со нетрпение го очекуваат и кошаркарите, но и љубителите на најквалитетната кошарка на планетата.

- Оглас -

Најнови вести