НБА „клекна на колена“, Бредли Бил со клупски рекорд од 60 поени (Видео)

Богатата ноќ со натпревари во НБА лигата мина во знакот на протестите на кошаркарите кои клечеа на колена за време на интонирањето на химната на САД, и така го изразија револтот за случувањата во главниот град, кога поддржувачите на Доналд Трамп влегоа во Конгресот.

Тимот од Вашингтон, Визардс, загуби на гостувањето кај Филаделфија со 141-136, а Бредли Бил постави личен и изедначување на клупскипт рекорд од 60 поени.

Бил во првите три четвртини имаше дури 57 поени, но тој беше лут и разочаран после мечот. Бил е голем малер кога станува збор за неговте најдобри игри. Секогаш кога тој дава над 45 поени, а тоа се случило шест пати, Волшебниците секогаш загубиле. Филаделфија сега има пет победи по ред.

Вечер за паметење имаше и Гордон Хејворд од Шарлот хорнетс кој даде 44 поени што е негов личен рекорд. Њујорк никс ја извојува третата победа по ред,

Лос Анџелес клиперс го победи Голден стејт. Стеф Кари кој даде 62 поени на претходниот меч, овојпат се соочи со цврста одбрана и постигна само 13 поени.

Ова се дел од поените на Бредли Бил:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести