НБА конечно се враќа – викендов шест меча се на програмата

По неколкудневниот бојкот, челниците на НБА лигата потврдија дека се враќаат возбудувањата. Натпреварите од плеј-офот ќе продолжат вечерва, а први на терен ќе излезат Милвоки бакс и Орландо меџик. Токму тоа беше и дуелот кој прв се одложи, а потоа настана верижна реакција сите клубови да стапат во бојкот.

Бојкотот се случи поради незадоволство на кошаркарите поради полициската бруталоност кон Афроамериканците во Америка. При последниот инцидент, еден невооружан човек беше седум пати застрелан во грбот. За среќа, тој остана жив, но со трајни последици.

Првиот меч од доигрувањето во плејофот ќе биде вечерва во 21:30 часот, а ноќеска ќе се играат уште два дуели и тоа: Хјустон – Оклахома (2:2 во победи) и Лос Анџелес лејкерс – Портланд (3:1 за тимот од ЛА). За утре се предвидени дуелите: Торонто – Бостон (прв меч од полуфиналето на Истокот), Далас – ЛА Клиперс (2:3) и Јута – Денвер (3:2).

 

- Оглас -

Најнови вести