20.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

НБА-кошаркар го повика тренерот од средното училиште да живее кај него откако му почина сопругата

Центарот на Њујорк никс, Мичел Робинсон, стана миленик на спортската јавност во САД, откако го покани да живее кај него, тренерот од средното училиште, Буч Стоктон, на кого му почина сопругата.

Тренерот на кошаркарскиот тим во средното училиште Шалмет, Буч Стоктон, им откри на медиумите во САД дека сега живее заедно со Робинсон на кого му беше тренер.

Во септември годинава, сопругата на Буч Стоктон, Доун, ја загубила битката со ракот, а во најтешките моменти за тренерот, во неговиот живот повторно се појавил Робинсон.

https://twitter.com/i/status/1730415844704870718

„Мојата сопруга почина во септември, а додека таа беше во болница, Мичел Робинсон секој ден и доаѓаше во посета. Станавме многу блиски со него, а по погребот, Мичел ми рече: тренеру, нема причина да останете тука во Луизијана, дојдете со мене во Њујорк. Дојди со мене да уживаш малку и да дојде при себе. Знам колку ја сакаше сопругата“, им изјави Стоктон на медиумите.

Мичел Робинсон сезонава има просек од 6,2 поени и 11,1 скок по натпревар за Њујорк.

- Оглас -

Најнови вести