НБА кошаркар кој дава 19,6 поени по меч, замина во затвор на отслужување на казна од 120 дена

Бекот на Минесота тимбервулфс, Малик Бисли, го почна одлежувањето на затворската казна од 120 дена, колку што му беше пресудено во декември поради инцидентот во септември кога на две лица им вперил пиштол и им се заканувал дека ќе ги убие, а при претресот на домот освен оружје, му беше пронајдена и марихуана.

Бисли кој има 24 години и сезонава беше одличен со просек од 19,6 поени по натпревар во НБА (од лигата како казна доби суспензија од 12 меча), се пријавил во затворот, и ќе остане таму додека не се одлучи дали може да биде пуштен во домашен притвор, со постојан електронски мониторинг на неговото движење. Има и друга опција, ако се однесува примерно, да биде помилуван на 17-ти август, откако ќе мине 78 дена во зад решетки.

- Оглас -

Најнови вести