НБА-кошаркар на 21 година ја заврши кариерата и се откажа од договор вреден 10 милиони евра годишно

Кошаркарот на Хјустон рокетс, Еј-Џеј Грифин, одлучи само на 21-годишна возраст да ја заврши професионалната кошаркарска кариера. Во моментов не е позната причината за неговата одлука, но познато е дека се откажува од договор вреден 10 милиони евра годишно.

Грифин во 2022 година беше драфтуван како 16-ти пик од екипата на Атланта, а минатата година беше трејдуван во Хјустон. Во првата сезона имаше просек од 8,9 поени по натпревар и играше просечно по 20 минути, додека во втората сезона на паркетот во просек минуваше по девет минути, а погодуваше во просек по 2,4 поени.

- Оглас -

Најнови вести