31.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

НБА-кошаркар убил 23-годишна девојка, на суд признал дека ја задавил со кабел

Кошаркарот на развојниот тим на Сакрамаенто кингс, 27-годишниот Ченс Команчи, на судскиот процес признал дека ја убил 23-годишната Марајна Роџерс, објавија медиумите во САД.

Телото на несреќната девојка било пронајдено во близина на Лас Вегас, каде што последен пат била видена, и тоа во друштво на Команчи и на неговата девојка Сакари Харнден (19), која исто така е осомничена за убиството.

Кошаркарот на агентите на Федералното истражно биро (ФБИ) им рекол дека неговата девојка Сакари, која ја запознал пред година и половина, имала проблеми со Марајна.
Команчи договорил средба со убиената Марајна по еден натпревар, а за нејзините услуги како проститутка и ветил дека ќе и исплати 1.000 долари.

Тој признал дека жртвата во автомобил ја задавил со кабел. Тој признал дека ја давел 10 секунди сè додека жртвата не престанала да дише, а во убиството учествувала и неговата девојка Сакари.

Откако ја убиле Марајна, Конанчи и Сакари барале место во Лас Вегас каде ќе го остават безживотното тело на несреќната девојка.

Истрагата покажала дека Ченси и Сакаи се обиделе да наговорат друго лице да ја убие Марајна, кому му понудиле 3.000 долари, но биле одбиени.

Ченс Команчи минатата сезона беше дел од тимот на Портланд, за кого одигра еден натпревар, на кој постигна седум поени, а најголем дел од сезоната го помина во развојната лига.

 

- Оглас -

Најнови вести