Еден од најдобрите крилни центри во историјата на НБА-лигата и легенда на Сан Антонио спарс, Тим Данкан, по подолго време се појави во јавноста и присуствуваше на мечот на Мамузите против Голден стејт вориорс, а она што го забележаа навивачите е имиџот на Данкан, кој изгледа многу поразлично отколку во играчките денови.
Данкан се повлече во 2016 година, освои пет титули.
Додека беше активен кошаркар, Данкан имаше кратка коса, честопати и истрижен на „нула“, а сега има долга коса со суканици и затоа беше чудно што е во вакво издание.