НБА лигата ги одложи следните два меча на Чикаго булс

НБА-лигата објави дека следните два натпревари на Чикаго булс, против Детроит, кој требаше да се игра утревечер, и против Торонто репторс, кој беше закажан за четврток вечер, се одложени.

Десетмина кошаркари на Биковите се позитивни на ковид-19 (само осуммина се здрави, од кои еден има 10-дневен договор, а двајца се на двојна регистрација во НБА и Г-лигата) и тоа е доволно за одложување меч.

Ова е прво одложување во НБА сезонава поради проблеми со корона-вирусот. Во минатата сезона беа поместени 31 средба.

- Оглас -

Најнови вести