НБА-лигата има строги правила: Го исмејуваше противникот, па заслужено беше казнет (Видео)

Екипата на Голден стејт загуби на домашен терен од разиграната Минесота со 110-116, но еден момент од мечот го привлече вниманието кај љубителите на НБА-лигата и воопшто кошарката.

Sвездата на Минесота, Ентони Едвардс, тргна фуриозно кон кошот на противникот и акцијата ја заврши со атрактивно забивање, и тоа преку Хрватот Дарио Шариќ, кој иако беше одлично поставен, не успеа да го спречи експлозивниот скок на Едвардс. Сепак, кошаркарот на Минесота, откако ја заби топката во кошот, се одлучи да го провоцира Хрватот и да му покаже мускули, нешто што не е дозволено во НБА-лигата. Судиите веднаш реагираа и му доделија техничка грешка, а Едвардс откако виде што покажаа судиите, му стана јасно дека на погрешен начин го прослави одличното забивање.

- Оглас -

Најнови вести