6.8 C
Skopje
четврток, 30 октомври 2025

НБА лигата ја одобри продажбата на ЛА лејкерс за 10 милијарди долари

Раководството на НБА-лигата едногласно ја одобри продажбата на мнозинскиот удел во Лос Анџелес лејкерс на инвеститорот Марк Волтер, соопшти официјално Лигата.
„Очекуваме трансакцијата наскоро да биде финализирана,“ стои во соопштението на НБА.

Како што објави „ЕСПН“ уште во јуни, Волтер ќе го преземе мнозинскиот дел од сопственоста на Лејкерс за околу 10 милијарди долари.

„Марк Волтер има долга врска со нашите лиги, повеќе од една деценија беше малцински сопственик на Лејкерс и главен сопственик на ЛА спаркс во ВНБА. Сигурен сум дека како нов мнозински сопственик ќе биде посветен лидер и одличен додаток на НБА, имајќи ја предвид неговата богата историја на успех во бизнисот и спортот“, изјави комесарот на НБА, Адам Силвер.

Семејството Бас, кое го поседуваше мнозинскиот удел во Лејкерс уште од 1979 година, ќе задржи околу 15% од акциите во клубот. Џини Бас ќе остане на функцијата гувернерка на тимот најмалку уште пет години.

Марк Волтер е извршен директор на TWG Global, холдинг компанија која управува со впечатливо спортско портфолио, меѓу кое се наоѓаат Лос Анџелес доџерс (безбол) и Лос Анџелес спаркс (WNBA). Компанијата исто така е вклучена и во тениското натпреварување Били Џин Кинг Куп и Ф1 тимот Кадилак Формула 1, кој ќе дебитира во шампионатот следната година.

- Оглас -

Најнови вести