НБА лигата продолжува на 31 јули?!

Кошаркарската НБА-лига го постави 31 јули како датум на кој треба да продолжи сезоната. Откако лигата беше прекината во втората недела од март, постојано се шпекулираше како ќе изгледа евентуалното враќање, а сега има и прв конкретен предлог од комесарот Адам Силвер.

Првиот човек на лигата имал разговори со претставници на клубовите и по тие разговори, прецизиран е 31 јули како датум на кој треба лигата да продолжи. Конечната одлука треба да се донесе следната недела.

Извесно е дека на паркет нема да се вратат сите тимови. Мнозинството генерални менаџери на клубовите биле за опцијата веднаш да почне плејофот и да нема доигрување на регуларната сезона, бидејќи многу мечеви би биле беззначајни и нема потреба да се ризикува со здравјето на играчите.

Откако ќе се утврди датумот, ќе треба да се договори и дали дефинитивно сите мечеви ќе се играат на едно место. Фаворит е комплексот „Светот на Дизни“, кој се наоѓа во Орландо.

- Оглас -

Најнови вести