Хјустон рокетс ја доби мајсторката против Оклахома, откако во неверојатно интересен меч победи со 104:102. Мечот беше решен буквално во последната секунда, а херој е Џејмс Харден. Кога ќе се спомене името на Харден, веднаш првата асоцијација е дека потегот за победа е со поени, но овојпат не беше така.
Ракетите водеа со 103:102, а Оклахома го имаше последниот напад на мечот. Дорт, кој постигна 30 поени и беше најефикасен не само кај Оклахома туку и воопшто на теренот, имаше отворен шут за три поени и победа, но Харден не мислеше така. Популарниот Брада се издолжи колку што може и успеа да го блокира ударот на противникот носејќи му победа на Хјустон. Кога се работи за офанзивниот дел, Харден беше очаен и даде само 17 поени и беше дури седми стрелец на овој решавачки меч.
„Одиграв како го*но во нападот. Извинете на моето изразување, но едноставно не можев да погодам. Сè што правев во нападот беше погрешно. Моите соиграчи ми даваа поддршка во текот на целиот меч и дефинитивно тоа ми даде сила да продолжам да играм. Дорт погоди неколку добри шутеви и едноставно сакав да го сопрам“, рече херојот Харден по мечот.
HARDEN STRAPS WITH THE GAME ON THE LINE pic.twitter.com/hJpINlvapk
— SportsCenter (@SportsCenter) September 3, 2020
Милвоки бакс, кој беше најдобар тим во регуларниот дел од сезоната, сега загуби со 0:2 во победи од Мајами. Во драматичен финиш, Жешките победија со 116:114. Слободните фрлања беа решавачки на крајот.
Мајами водеше со 114:111 кога на 4,3 секунди до крајот беа досудени три слободни фрлања за Милвоки, а Мидлтон ги реализираше.
https://twitter.com/i/status/1301332645922533377
Мајами имаше многу малку време да направи напад за победа и успеа. Џими Батлер беше фаулиран од Адетокумбо во последната секунда од мечот и успеа да ги реализира двата „пенали“ за голема радост на Мајами, кој е првиот тим во историјата на НБА-плејофот што стартувал со шест победи во низа, а не бил во топ-4 екипите по завршување на регуларниот дел од сезоната.