15.8 C
Skopje
среда, 22 октомври 2025

НБА лудилото почна: Се играат 12 меча, а има преку 150 играчи за плус-минус поени

Утрово започна новата сезона во НБА лигата, а беа одиграни два меча, кои делуваа како загревање за тоа што ќе се случува вечерва. Дури 12 натпревари има во денешната понуда, а три дуели го имаат приматот на „сигурици“. Милвоки и Орландо на свој терен не треба да имаат проблеми во дуелите со Вашингтон и Мајами, а на гостински терен најлесно треба да помине Лос Анџелес клиперс кај Јута џез.

Во понудата за број на поени кои ќе ги постигнат играчите што се очекува да бидат на терените во НБА лиигата вечерва, изборот може да го најдете во повеќе од 150 кошаркари. Во една ваква ситуација, експертите за НБА лесно ќе најдат комбинации за „плус-минус“ по бројот на поени.

Најголема граница има Јанис Адетекумбо, кој за да биде во „плус“ поени, мора да постигне повеќе од 31,5 поени вечерва.

- Оглас -

Најнови вести