Лос Анџелес клиперс приредија чудо над чудата – Стопија минус од 35 поени и победија со кош што вреди четири поени (Видео)

Лос Анџелес клиперс приредија магичен подвиг во НБА-лигата откако анулираа негатива од 35 поени и славеа драматична победа од 116:115 остварена на две секунди до крајот на мечот против Вашингтон визардс.

Лук Кенард беше човекот за победа со потег што вредеше цели четири поени. Погоди тројка за гостите за израмнување на 115:115, а притоа беше и фаулиран. Го погоди и слободното фрлање и комплетира еден од најголемите подвизи и пресврти во историјата на НБА-лигата.

Вашингтон водеше со 35 поени разлика, 66:31, во финишот на првото полувреме, но и тоа не mu беше доволно за победа.

Клиперс приредија чудо над чудата со едeн од најголемите пресврти во историјата на НБА-лигата.

Кофи постигна 29 поени, а јунакот што стави печат на пресвртот, Лук Кенард, уфрли 25 поени за гостите од Лос Анџелес.

Ново шоу за своите екипи ноќеска приредија двајцата најдобри центри во НБА, Никола Јокиќ и Џоел Ембид.

Јокиќ постигна 28 поени со 21 скок и 9 асистенции во победата на Денвер нагетс со 110:105 против Детроит пистонс, а Ембид уфрли 42 поени со 14 скока во триумфот на Филаделфија против Њу Орлеанс со 117:107.

Блескаше и Ентони Едвардс со 40 поени во победата на Минесота против Портланд со 109:107.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести