Вистински НБА маратон ги очекува љубителите на кошарката, со оглед на тоа дека 14-те натпревари се распоредени од 18 часот, па се до 04:30 часот наутро по македонско време, а тоа значи дека ќе гледаме повеќе од 13 часа врвна кошарка.
Први на паркетот ќе истрчаат Сан Антонио и Индијана, меч кој започнува во 18 часот, а ќе се игра во главниот град на Франција, Париз. Веднаш потоа следува еден од најинтересните вечерни натпревари, оној помеѓу Минесота и Денвер, а гостите се фаворити со квота од 1.61 во понудата на Sport Life.
Дел од богатата понуда на Sport Life се и преку 100 кошаркари за најпопуларната игра „плус-минус“ поени. Комплетната НБА понуда на Sport Life може да ја најдете ТУКА.