18.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

НБА-мечевите беа сигурици: Фаворитите победија во ноќта во која блескаше Адетокумбо

Актуелниот НБА-првак Милвоки бакс уште се мачи да влезе во ланската форма, но успеа да победи на гостувањето кај Филаделфија со 118:109. Јанис Адетокумбо очекувано беше прва ѕвезда на вечерта и на крајот мечот го заврши со 31 поени и 16 скока.

Филаделфија добро започна и имаше водство од 48:35 во втората четвртина, но до крајот на полувремето, гостите со одлична игра не само што ја анулираа високата негатива туку и заминаа со предност од 61:58. Во второто полувреме фаворитот не дозволи да биде изненаден, па Милвоки стигна до петтата победа сезонава во 11 натпревари.

Во останатите два меча се радуваа домаќините. Лос Анџелес клиперс го продолжува победничкиот ритам и стигна до петтата победа по ред, откако со 117:109 го победи Портланд. Лилард со 27 поени беше главен кај победничкиот тим, а Пол Џорџ постигна 24 поени за гостите.

По двата врзани порази, Јута повторно победува. Џезерите на свој терен беа подобри од Аталанта со 110:98 и ова е нивен осми триумф во 11 средби. За Јастребите ова беше седми пораз во последните осум меча сезонава.

Резултати: Филаделфија – Милвоки 109:118, Јута – Аталанта 110:98, Лос Анџелес клиперс – Портланд 117:109.

 

- Оглас -

Најнови вести