Кошаркарите на Мемфис ја совладаа Минесота на гости со 116:110 во ноќта од среда кон четврток, додека Чикаго пред своите навивачи беше подобар од Кливленд со 127:111.
Минесота не можеше до победа без својот најдобар играч Ентони Едвардс, кој го пропушти овој натпревар, а во неизвесен дуел од почеток до крај гостите направија малку поголема резултатска разлика во третата четвртина, по што ја зачуваа предноста до крајот.
Џарен Џексон го предводеше Мемфис до победата со 28 поени, 12 скока и три блокади, додека како играч од клупата Џок Ландале постигна 20 поени со 10 скока. Сите играчи од стартната петорка на Минесота постигнаа двоцифрен број поени, а најдобар беше Руди Гобер со 16 поени, 16 скока, четири асистенции и четири блокади. Џулиус Рендл уфрли 23 поени.
Чикаго на домашен терен беше подобар од Кливленд со 127:111. Клучна беше последната четвртина, кога домаќинот дополнително ја зголеми предноста и ја обезбеди победата, а тој дел од играта Чикаго го доби со 32:23.
Со 25 поени прв стрелец на Чикаго беше Коби Вајт, но генерално гледано, најдобар играч на победничкиот состав беше Австралиецот Џош Гиди, кој натпреварот го заврши со трипл-дабл учинок од 23 поени, 11 скока и 11 асистенции.
Добра поддршка имаше и од Никола Вучевиќ, кој постигна 20 поени со девет скока. Донован Мичел за Кливленд уфрли 32 поени, додека Дариус Гарланд додаде 15 поени со шест асистенции и пет скокови.

