20.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

НБА менува едно правило, кошаркарите се задоволни

Во пресрет на новата сезона во НБА-лигата, потврдено е дека ќе стапи во сила едно ново правило. Не се работи за правило кое ќе може да донесе промена на играта, но ќе им даде повеќе слобода на кошаркарите да шутираат од огромна далечина.

Решено е шутевите кои се од далеку пред крајот на четвртините да не се сметаат во личната статистика на кошаркарите. Голем дел од кошаркарите во последните секунди од четвртината воопшто не се ни обидуваа да шутираат од огромни далечини за да не ја нарушат личната статистика.

Управниот одбор на НБА одлучи дека тие шутеви на крајот од четвртините кои се упатени од повеќе од 11 метри воопшто да не влегуваат во личната статистика на кошаркарите, а ќе се внесува само како тимски обид за шут.

Статистиката покажа дека минатата сезона биле погодени само четири отсто од тие шутеви. Стеф Кари со четири погодени шутеви од огромна далечина е предводник во оваа категорија, а веднаш зад него е Никола Јокиќ со три погодени шутеви од далечина поголема од 11 метри.

 

- Оглас -

Најнови вести