НБА менува едно правило поврзано со корона-вирусот, играчите побрзо ќе се враќаат на терен

Кошаркарите кои се позитивни на корона-вирусот, но немаат симптоми, сега ќе може многу побрзо да се вратат на терените во НБА-лигата. Според новиот здравствен и безбедносен протокол, играчите кои се асимптоматски позитивни на опасниот вирус, нема да мора да паузираат 10 дена, туку на теренот би се вратиле само по шест дена пауза.

Според последните истражувања, луѓето кои се заразени од опасниот вирус, најчесто го пренесуваат вирусот и тоа два дена пред да ги добијат симптомите и три дена откако ќе ги добијат симптомите.

Во НБА-лигата моментално дури 124-ица кошаркари ги нема на теренот поради инфекција од опасниот вирус.

- Оглас -

Најнови вести