НБА му украде една асистенција на Јокиќ, доволно Србинот да нема трипл-дабл (Видео)

Никола Јокиќ одигра уште еден блескав меч и го предводеше Денвер нагетс до победа, овојпат против Далас маверикс. Српскиот центар средбата ја заврши со 33 поени, 14 скока и девет асистенции, добивајќи го дуелот против Лука Дончиќ, кој истотака беше одличен со 34 поени, 10 скока и осум асистенции.

По мечот, беше јасно дека на Јокиќ му фали една асистенција за да има трипл-дабл, а многумина го забележаа моментот од пред крајот на третата четвртина, кога едноставно му беше „украдено“ едно додавање на Јокиќ.

Денвер беше во напад, Јокиќ асистираше до Пејтон Вотсон кој во трк ја фати топката и со двочекор направи атрактивно забивање. Сепак, статистичарите решија дека ова додавање не треба да биде запишано како асистенција за Јокиќ и на крајот го оставија покус за уште еден трипл-дабл.

- Оглас -

Најнови вести