Кошаркарите во НБА-лигата не мируваат ниту на последниот ден од 2023 година и во арените во САД ќе се играат шест натпревари за кои Sport Life подготви одлична понуда со по 161 комбинација за секој натпревар.
Кошаркарските фанови на Стариот континент ќе можат да уживаат во еден меч во „европски термин“ и тоа дуелот меѓу Вашингтон визардс и Атланта хоукс.
Ова е дуел меѓу да тима кои играат лошо сезонава и имаат негативен скор. Вашингон има три порази на последните четири натпревари и е претпоследена табелата во Источната конференција со само шест победи во 31 меч.
Атланта загуби на последните четири дуели и падна на 11-та позиција на Истокот со 12 победи и 19 порази. Квотите се на страната на Атланта (1.50) за која игра еден од најдобрите бекови во НБА-лигата, Трае Јанг.
Останатите пет натпревари ќе се играат по полноќ по средноевропско време и најинтересен се очекува да биде дуелот меѓу Њу Орлеанс пеликанс и ЛА Лејкерс. Лејкерси и сезонава играат топло-ладно и на фановите им е јасно дека Леброн Џејмс и на 39 години ќе мора да ја преземе улогата на главен реализатор за да се дојде до победата.
Два меча се сигурици, најдобриот тим на Истокот му гостува на најлошиот тим од Западот и Бостон и се освен убедлива победа на Бостон над Сан Антонио, би претставувало големо изненадување. Оклахома сити тандерс која во своите редови го има третиот најдобар стрелец во НБА-лигата, Шеј Гилџес-Александер кој просечно постигнува по 31,4 поени по натпревар е голем фаворит 2023 година да ја заврши со поведа над Бруклин нетс и да ја продолжи потерата по најдобриот тим на Западот, Минесота тимвбервулфс.
Во богатата понуда на Sport Life има и одлична понуда за една од најпопуларните игри за кошаркари, „плус-минус“ поени.